Дома Фудбал Англија Пресврт не може да има: Познато кога Аморим ќе го преземе Манчестер јунајтед

Пресврт не може да има: Познато кога Аморим ќе го преземе Манчестер јунајтед

Иако беше објавено дека Манчестер Јунајтед нема да брза со ангажманот на Рубен Аморим и по победата на Ван Нистерлој ќе дозволи Холанѓанецот да го води тимот во следните три натпревари, до пресврт нема да дојде.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во Манчестер Јунајтед се одлучни во намерата Аморим да седне на клупата и тоа според информациите на Фабрицио Романо е само прашање на време.

„Аморим може да се смета за нов тренер на Манчестер Јунајтед“, објави италијанскиот инсајдер.
За да го доведе на својата клупа, Јунајтед на Спортинг за Аморим би платил сума од десет милиони евра. Договорот кој ќе го потпише ќе има важност до 2027 година.

Очекувањата се тој да пристигне со почетокот на репрезентативната пауза, a неговиот прв натпревар би требало да биде дуелот со Ипсвич на 24 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дилемата пред Модрич: уште една година во Милан или закачување на копачките на клин

Играчот од средниот ред на Милан Лука Модриќ има само две опции за својата фудбалска карие…