Италијанскиот „Ил Жорнале“ пренесува дека Марио Манџукиќ се договорил со – Милан!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако со денови се пишува за неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед за кој се тврдеше дека е скоро договорен сега медиумите најавуваат голем пресврт.
Истиот извор додава дека 33 годишниот играч бил на мета на Интер, но Јувентус се одлучил да му даде предност на Милан.
Во Милан Манџукиќ би го пречекале Звонимир Бобан и поранешниот соиграч од репрезентацијата Анте Ребиќ.
Манџукиќ преговараше со Манчестер Јунајтед во завршницата од преодниот рок во Англија, но не сакаше да брза со одлуката. На крајот тој трансфер му пропадна, а кај Сари во Јувентус не успеа да се избори за место во тимот.