Париз гледа на друга страна, останатите опции се затворени, а во Милан му порачаа дека за 70 милиони е слободен, сигурно дека никој не сака да плати ниту приближно толку…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Не се смируваат страстите околу Донарума, Милан му порачал дека ако сака да замине, може да замине. Тоа е официјален став на клубот, Мирабели кој е во конфликт со Раиола не сака било какви контроверзии, слободен е за 70 милиони евра во јануари и за нешто помалку наредното лето.
Проблем е дестинацијата. Минатото лето Ал-Келаифи сакаше да го доведе, но како слободен фудбалер и да му понудат плата од 12 милиони евра по сезона. Сега ПСЖ нема намера да вложи повеќе од триесетина милиони евра, а во Милан за таква понуда сигурно не сакаат ниту да слушнат. Кога во прашање е Реал Мадрид тие се пред доведување на Кеп од Атлетик Билбао.
Тоа Мино Раиола го остава во проблеми. Единствена посериозна опција е Јувентус кој би платил 40 милиони евра и би го понудил Шчесни, но Милан сигурно нема да сака еден одвоите најголеми таленти да го продаде на големиот ривал.
Токму поради тоа денешните наслови во Италија гласат: Донарума оди, но немаш каде“.