Дома Трансфер зона Премиерлигашите се „тепаат“ за ѕвездата на Наполи

Премиерлигашите се „тепаат“ за ѕвездата на Наполи

Како што пренесуваат англиските медиуми три клубови од Премиер лигата се борат за потписот на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи и минатото лето го сакаше Кулибали и испрати неколку понуди, но Наполи одлучи да го задржи дефанзивецот кој на „Сан Паоло“ пристигна од Генк за 7,5 милиони евра.

Челзи минатото лето нудеше 50 милиони евра за неговиот потпис, а англиските медиуми тврдат дека „сините“ се уште се заинтересирани за Сенегалецот.

Меѓетоа сега конкуренцијата за неговиот потпис е многу поголема, бидејќи силен интерес за Кулибали покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Фудбалерот сака да се пресели во Премиер лигата, а овие три клуба ќе се борат за неговиот потпис следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…