Раководството на Премиер лигата е подготвено да им овозможи на клубовите да направат пет замени во натпреварите по продолжувањето на сезоната, тврдат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Постојат стравувања дека играчите нема да бидат во најдобра физичка состојба, што ќе го зголеми ризикот од повреди.
Исто така, веројатно е дека ќе се одржат по два натпревара неделно. Претходно, пет замени беа направени во натпревари како привремена мерка предложена од ФИФА.
Сличен предлог во Италија даде тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери. Доколку биде одобрено, клубовите од Премиер лигата сами ќе одлучат дали сакаат да го користат.
Англиските медиуми денес пишуваат дека новата сезона би можела да започна на 1. јуни и сите преостанати натпревари да се одиграат само во шест недели и тоа без публика.