Дома Фудбал Англија Премиер лигата се враќа со посебен протокол „Проект рестарт“

Премиер лигата се враќа со посебен протокол „Проект рестарт“

Раководството на Премиер лигата ги прави последните подготовки за продолжување на сезоната и ситуацијата е се по оптимистична.

Во соработка со челниците на Премиер лигата, Владата направи план „Проект рестарт“ со кој би овозможил фудбалот во Англија да се врати на 8 јуни.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според планот, натпреварите ќе се играат на неколку стадиони и ќе има ригорозни мерки на заштита од ширење на коронавирусот. Натпреварите ќе се играат пред празни трибини, а сите натпревари ќе се пренесуваат на телевизија.

Според предложенииот протокол минимум 300 луѓе ќе бидат потребни за да се организира еден натпревар, во исклучителни ситуации до 500.

Според математиките на официјалните власти како што наведува „Дејли Мејл“ тоа подразбира 40 фудбалери, 32 лица од тренерски и медицински персонал од обете екипи, 12 официјални лица за натпреварот, помеѓу шест и осум доктори и медицински персонал, три официјални лица од Премиерлигата, како и 130 или повеќе претставници на медиумите.

Се прогнозира дека лигата ќе продолжи на 8-ми јуни а преостанатите 9 кола ќе треба да се доиграат за 6-7 недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…