Дома Фудбал Останато Прекрасен гест на Рудигер: Не заборави од каде потекнува

Прекрасен гест на Рудигер: Не заборави од каде потекнува

Многу фудбалски ѕвезди учествуваат во хуманитарни акции, а последен кој го воодушеви светот е дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рудигер реши да им помогне на децата во Сиера Леоне од каде што има потекло неговата мајка, па затоа тој собра 11 мали херои на кои ќе им помогне.

Германецот кажа дека заработката од Мундијалот во Катар ќе ја вложи за операција на децата во Сиера Леоне за да имаат нормален живот.

Дефанзивецот ја организира оваа акција со помош на германска хуманитарна организација, а целта е да се помогне на дел од жителите на Сиера Леоне кои живеат сиромашно и едвај преживуваат.

За репрезентацијата на Германија, Рудигер досега настапи на 54 меча и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…