
Речиси два месеца по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Хетафе, тензиите поради инцидентот каде учествуваа Антонио Рудигер и Дијего Рико сè уште не стивнуваат. Бекот на Гетафе на подкастот “La Otra Grada” повторно се осврна на спорниот момент со германскиот дефанзивец, јасно истакнувајќи дека не му простил за ударот со колено во лицето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Треба ли уште и да му се извинам затоа што ме остави во живот? Рудигер е многу агресивен играч, но тогаш ја премина границата. Не можам да му го простам тоа”, изјави Рико.
Германскиот стопер се огласи неколку дена по натпреварот, бранејќи се од обвинувањата за намера. „Забавената снимка изгледа ужасно. Нема да се расправам со него, но не го убив. Не треба да се претерува со тој контакт, бидејќи ако имав намера, ќе го повредев. Никогаш не ми била намера да му наштетам, но сакам да играм остро”, порача Рудигер.