Дома Фудбал Рудигер вчера го навредувал хрватскиот репрезентативец: Тоа е неприфатливо!

Рудигер вчера го навредувал хрватскиот репрезентативец: Тоа е неприфатливо!

Хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ ја отвори темата за инцидентот со Антонио Рудигер на натпреварот меѓу Баерн и Реал (4:3), обвинувајќи го германскиот дефанзивец за навредливо однесување откако го собори на земја.

Како што пренесува германскиот магазин Kicker, Станишиќ го изразил своето незадоволство од однесувањето на Рудигер, нагласувајќи дека германскиот стопер ја преминал границата на фер плеј.

“Не треба да објаснувам што се случи додека лежев на земја. Можете да го прашате него, но според мене, тоа е целосно неприфатливо. Изговори само еден збор, и тоа двапати – можете да го прашате, можеби е доволно храбар да го признае тоа”, изјави Станишиќ.

Иако разочаран од потегот на противникот, Станишиќ истакна дека не сака да го продлабочува конфликтот:

“Не сакам да кажам ништо повеќе бидејќи не сум некој што сака расправии. Не го сфаќам лично, такви работи се случуваат во жар на битка. Сепак, не мислам дека е тоа прифатливо”, изјави десниот бек на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се засилува со крилото на Форест

Милан ќе го ангажира крилото на Нотингем – Омари Хачинсон. Според Фабрицио Романо, „…