Дома Трансфер зона Преговорите започнаа: Јувентус ја „краде“ ѕвездата на Милан

Преговорите започнаа: Јувентус ја „краде“ ѕвездата на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус активно работи на трансферот на ѕвездата на Милан, Џакомо Бонавентура.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бонавентура е еден од најдобрите поединци кај Милан, а оваа сезона покажа дека е еден од подобрите играчи за врска во Серија А.

За него интерес покажуваат Арсенал, Борусија Дортмунд и Рома, но најконкретен е инетерсот на актуелниот шампион Јувентус.

Тренерот Алегри го сака Бонавентура во својот тим, а спортскиот директор Паратичи веќе имал средба со неговиот Мино Раиола.

Познато е дека Раиола не е во добри односи со Милан и сака по секоја цена да ги пресели своите „пулени“ од Сан Сиро, иако Бонавентура има договор со „росонерите“ до 2020 година.

„Старата дама“ наводно веќе постигнала договор со менаџерот на Бонавентура и сега спрема понуда од 30 милиони евра.

Останува да видиме како ќе реагираат „росонерите“ на оваа понуда и дали ќе сакаат да го задржат по секоја цена играчот во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…