Дома Трансфер зона Преговорите започнаа: Атлетико Мадрид тргнува по Кавани

Преговорите започнаа: Атлетико Мадрид тргнува по Кавани

Претставници на Атлетико Мадрид имале средба со агентот на напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, пренесува „Мундо Депортиво“.

Уругваецот е голема желба на „јорганџиите“ кои веќе почнале преговори за негов евентуален трансфер во Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Весникот тврди дека Кавани е еден од главните кандидати за заменик на Антоан Гризман кој може да го напушти Атлетико Мадрид ова лето.

Кавани наводно имал долг телефонски разговор со Диего Симеоне и дал зелено светло за трансферот бидејќи сака да игра во Мадрид заедно со своите сонардници Диего Годин и Хосе Марија Хименес.

Уругваецот има договор со ПСЖ до 2020 година, па „светците“ сигурно ќе го имаат последниот збор и доколку не донесат адекватна замена, сигурно нема да му дозволат да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …