Дома Топ вести Преговорите во завршна фаза: Жоржињо пред трансфер во Арсенал!

Преговорите во завршна фаза: Жоржињо пред трансфер во Арсенал!

Челзи дефинитивно ќе биде еден од најактивните и во последниот ден од преодниот рок, како и во текот на целиот јануари.

Медиумите веќе најавија дека Челзи може да потроши 200 милиони фунти на Енцо Фернандез од Бенфика и Каиседо од Брајтон до крајот на денот. Меѓутоа се најавува и заминување.

Како што стојат работите Жоржињо е пред трансфер во Арсенал. Информациите од Островот се дека преговорите се во завршна фаза, а фудбалерот веќе ги договорил личните услови.

Арсенал е подготвен да ги стартува медицинските прегледи. Жоржињо има уште шест месеци од договорот, па така и оштетата не би требало да биде голема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…