Дома Фудбал Репрезентации Првпат по хет-трикот на Роналдо: Португалија и Шпанија закажаа пријателски натпревар

Првпат по хет-трикот на Роналдо: Португалија и Шпанија закажаа пријателски натпревар

Фудбалерите на Шпанија и Португалија ќе ги одмерат силите во пријателски натпревар во склоп на припремите за новото издание на Лигата на нации.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија објави дека селекцијата на оваа земја ќе гостува во Португалија на 7. октомври.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Португалија во Лигата на нации ќе игра на 10. октомври кога ќе ја дочека Швајцарија, додека четири дена подоцна ќе гостува кај Украина.

Шпанија од друга страна во Лигата на нации ќе игра на 3. септември кога гостува кај Германија, а три дена подоцна ја пречекува Украина.

Португалија и Шпанија последен пат ги одмерија силите во групната фаза на Светското првенство во Русија во 2018 година кога Кристиано Роналдо постигна хет-трик и натпреварот заврши без победник 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…