Дома Фудбал Англија Први информации за состојбата на Шо по тешкиот пад!

Први информации за состојбата на Шо по тешкиот пад!

Добри вести пристигнуваат од Англија.

После судирот со Дани Карвахал, Лук Шо заврши на земја. Падот беше навистина страшен, а веднаш реагираше и медицинскиот тим.

Многумина сигурно стравуваа за здравјето на фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој во својата кариера веќе имаше проблеми со тешка повреда кога ја скрши ногата во натпревар против ПСВ во Лигата на шампионите.

Сеапк, сега за среќа изгледа добро поминал.

Првите информации за неговата состојба се позитивни. Како што пишуваат англиските медиуми, Лук Шо е свесен и веќе им испратил порака дека е добро на сите кои биле загрижени за неговото здравје.

После информациите од медиумите со соопштение излезе и Фудбалската асоцијација на Англија.

„Лук Шо е свесен, во состојба е да оди и зборува. Добива третман од докторите, но вестите се добри“, стои во соопштението од ФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…