Дома Фудбал Германија Прва изјава на Кејн по трансферот во Баерн Минхен: Сто милиони фунти се многу пари

Прва изјава на Кејн по трансферот во Баерн Минхен: Сто милиони фунти се многу пари

Хари Кејн вчера беше промовиран во Баерн Минхен, а веќе го одигра и првиот натпревар кој нема да го памети по добро бидејќи Лајпциг славеше победа од 3:0 во германскиот Суперкуп.

За Кејн ова е прво искуство надвор од Англија и во Баерн е за да освојува трофеи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сите очекуваат Баерн секоја година да се прошета до титулата во Бундеслигата, но конкуренцијата не спие, се засилува и тоа е предизвик. Во текот на целата кариера во Тотенхем и во англиската репрезентација се адаптирав на соиграчите, па така ќе биде и тука. Тука сума за да освојувам трофеи“.

Сумата од 100 милиони евра претставува и мал притисок за Кејн.

„Сто милиони фунти се огромна сума. Не гледав што се пишува, но како фудбалер и човек чувствувам одговорност да ги оправодам вложените пари“, изјави англискиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …