Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука Купот на Македонија да го носи името на легендата Благоја Георгиевски-Буштур кој трагично го загуби животот неодамна во собраќајна несреќа кај Кисела Вода.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Купот на Македонија во иднина ќе го носи името „Благоја Георгиевски-Буштур“. Со оваа одлука се оддава почит за се што направи Буштур за македонската кошарка како играч и подоцна како селектор.
На собранието членовите на раководството ја усвоиле и завршната финансиска сметка на Куќата на кошарката која во 2019 година инкасирала 98.5 милиони денари (1.6 милиони евра), а потрошила 83 милиони денари (1.35 милиони евра).