Дома Фудбал Останато Почина легендарниот Ќиро Блажевиќ

Почина легендарниот Ќиро Блажевиќ

Легендарниот тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ почина на 88-годишна возраст после долгата борба со ракот.

Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но третиот за жал не успеа. Тренерското име го градеше во Динамо каде што по чекање од 24 години во 1981/1982 годиан им ја донесе шампионската титула на Југославија. Со „модрите“ го освои и пехарот во Купот Маршал Тито за подоцна со Хрватска да освои бронза.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Под негово водство Грасхопер во сезоната 1983/1984 стана шампион на Швајцарија, а деценија претходно ја одведе екипата на Сион  до трофејот во Купот.

Негов најголем успех веројатно е споменатата бронза со Хрватска од 1998 година на Мундијалот во Франција. Како селектор успеа да ја препороди и репрезентацијата на Босна и Херцегобина сепак немаше среќа преку Португалија да ја одведе оваа репрезентацијата на СП во Јужна Африка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…