Фудбалската репрезентација на Швајцарија доживеа голема промена селекторот Владимир Петковиќ исклучи еден од најискусните играчи во тимот Валон Бехрами.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бехрами предизвика лавина реакции со фотографијата од дресот на Швајцарија која ја постави на неговиот Твитер профил со опис дека неговата интернационална кариера е завршена.
My international career is over.?? pic.twitter.com/vRh8iCUeht
— Valon Behrami (@ValonBera) August 6, 2018
Потоа тој им открил на медиумите што се случило.
„Бев изненаден, мислев дека во прашање е стандарден телефонски повик, а после 30 секунди Петковиќ ми кажа дека повеќе нема да смета на мене. Бев разочаран, би сакал барем таквата одлука да ми беше соопштена додека ме гледа во очи“.
„Сега ќе имам повеќе време за семејството, но сигурно не ми е сеедно бидејќи вложив многу емоции во тимот“, изјави Бехрами кој призна дека гестикулациите со албанскиот орел внеле големи немири во тимот.
„Тоа нас не промени. После Русија се почуствува дека ќе дојде до вакво нешто. Но, ова е одлука на луѓе кои не знаат ништо за фудбалот и никогаш не играле“, заврши Бехрами.
Треба да се спомене и дека Бехрами беше заменик капитен на репрезентацијата.