Дома Фудбал Останато Потер пред враќање на фудбалот: Седнува на клупата на четирикратниот шампион?

Потер пред враќање на фудбалот: Седнува на клупата на четирикратниот шампион?

Англискиот тренер Грем Потер според најавите би можел да биде нов тренер на холандскиот гигант Ајакс.

Медиумите во Холандија пренесуваат дека преговорите помеѓу двете страни се во напредна фаза и наскоро договорот би можел да биде постигнат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Потер на клупата на Ајакс би седнал следната сезона. Без ангажман Потер е повеќе од една година кога по лошите резултати доби отказ во Челзи.

Чекаше вистинска понуда Потер, а да се води четирикратниот европски шампион би можел да биде вистински предизвик за него. Во кариерата Потер во Англија беше тренер на Брајтон и Челзи, додека во Шведска направи одличен резултат откако Остерсунд од Шведска од втора лига го внесе во Лига Европа.

Се шпекулираше одреден период дека може да биде и нов селектор на Шведска, меѓутоа на крајот тоа не се реализираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…