Дома Фудбал Англија Потегот со кој Алкантара ги купи навивачите: Пресечена топка прослави како постигнат гол ?

Потегот со кој Алкантара ги купи навивачите: Пресечена топка прослави како постигнат гол ?

Тиаго Алкантара е најголема ѕвезда на преодниот рок во Англија. Одличниот играч за врска за 30 милиони евра премина од Баерн во Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алкантара играше во второто полувреме во дебито против Челзи и веднаш импресионираше, иако не помина многу време со новите соиграчи. Шпанскиот фудбалер одигра едно полувреме и успеа да комплетира 75 додавања, повеќе од било кој друг играч на Челзи кој на теренот го помина целиот натпревар.

Шпанскиот фудбалер во една ситуација и ги „купи“ навивачите на „црвените“. Можеби оваа негова реакција покажува колку се радува на играњето за шампионот на Англија.

Имено, тој после еден добиен дуел со Канте прослави како да постигнал гол. Во таа ситуација Алкантара успеа да ја допре топката и така да ја прекине акцијата на „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…