Репрезентативецот на Италија, Федерико Бернардески и дефинитивно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната по истекувањето на неговиот договор.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Оваа информација денес ја објавија најголемите италијански медиуми и новинари, меѓу кое и Ромео Агрести кој е еден од најдобро упатените со случувањата во Јувентус. Така после, Киелини и Дибала, Бернардески ќе биде третиот кој си заминува од Торино.




Во Јувентус Бернардески пристигна во 2017 година од Фиорентина во трансфер вреден 40 милиони евра. Иако играше стандардо во Јувентус, не успеа да ја повтори неговата најдобра сезона (2016/2017) кога за Фиорентина постигна 14 голови.




На 182 натпревари за Јувентус постигна 12 голови и не ги оправда очекувањата. Засега не е познато името на новиот клуб на Бернардески, а се поврзуваше со Интер, Милан и Лацио.



