Раководството на Барселона се обидело во последните денови од летниот преоден рок да ја привлече ѕвездата на Лестер, Ријад Марез.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова го отикри спортскиот директор на Рома, Мончи кој исто така во текот на целото лето се обидуваше да го донесе Алжирецот на „Олимпико“.
Во последниот ден од преодниот рок се појавија информации дека Марез е во Барселона на медицински прегледи, а сега е потврдено дека Лестер ја одбил понудата на Каталонците.
„Баравме крилен напаѓач кој ќе може да го замени Мохамед Салах и Марез беше нашиот прв избор. Трансферот не се реализира бидејќи Лестер не сакаше да го продаде. Тие ја одбија и понудата на Барселона која беше подобра од нашата“, потврди Мончи кој додаде дека во јануари Рома нема да испраќа понуда за Алжирецот.