Дома Фудбал Германија Постигнат договор: Уште еден важен потпис во Баерн Минхен

Постигнат договор: Уште еден важен потпис во Баерн Минхен

Во периодот додека фудбалот е стопиран раководството на Баерн Минхен заврши уште една важна работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Баварците постигнале договор со Тиаго Алкантара за продолжување на соработката, пренесува „Билд“.

Двете страни веќе подолго време водеа преговори за продолжување на соработката и сега конечно постигнаа договор кој треба да биде официјализиран следната недела.

Алкантара имаше договор само за уште една година, па неговата иднина на „Алијанц Арена“ беше под знак прашалник.

Неодамна Баерн потпиша нови договори со Томас Милер и Дејвис, па сега остануваат отворени прашањата само за Мануел Ноер и Алаба, чии договори истекуваат во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…