Дома Трансфер зона Постигнат договор: Во Јувентус пристигнува Хрват

Постигнат договор: Во Јувентус пристигнува Хрват

Јувентус постигнал договор за уште едно засилување од Балканот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најтрофејниот клуб во Италија договорил соработка со 17-годишниот Иван Срдоќ од Ријека. Тинејџерот ги поминал медицинските прегледи и потпишал тригодишен договор.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Хрватот кој игра на позицијата крилен напаѓач ќе продолжи со тренинзи во младинскиот тим на Јувентус. Останува времето да покаже дали ќе успее да се наметне во првиот тим на „старата дама“.

Ќе потсетиме, последен трансфер на Јувентус од Хрватска беше Марко Пјаца кој во 2016 година пристигна од Динамо Загреб за сума од околу 30 милиони евра, но никогаш не успеа да стане важен играч и често беше испраќан на позајмици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус спреми 60 милиони за ѕвездата на Аталанта

Јувентус е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…