Давид Виља повеќе нема да настапува во МЛС лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот ветеран Давид Виља денес соопшти дека повеќе нема да игра за тимот на Њујорк Сити.
Виља во овој клуб помина четири години и постигна 80 погодоци во МЛС лигата каде што повеќе и дефинитивно нема да настапува.
Својот нареден клуб Виља ќе го открие во наредниот период, а како можна дестинација се споменува Јапонија.
„Моето искуство тука беше феноменално. Овој клуб ми овозможи да поминам убав период како фудбалер, личност и семеен човек. Засекогаш ќе се сеќавам на ова искуство“, изјави Давид Виља кој веќе има 36 години.