Дома Фудбал После две децении: Спортинг е првак на Португалија!

После две децении: Спортинг е првак на Португалија!

Екипата на Спортинг го прекина постот од две децении.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тимот од Лисабон синоќа ја освои 19. титула во Португалија, прва после 2002. година.

Во натпревар од 32. коло, Лавовите ја победија Боависта со 1:0 и со тоа му се одлепија на Порто со недостижни осум бода на две кола пред крајот.

Јунак на Спортинг беше Паулињо кој со погодок во 36. минута му донесе победа на својот клуб.

Покрај Спортинг во Лига на шампиони ќе играат Порто и Бенфика, додека Брага ќе настапува во Лига Европа.

Лигата скоро сигурно ќе ја напушти Национал, додека Рио Аве, Боависта и Фаренсе ќе водат грчевита борба за опстанок во последните две кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…