Дома Фудбал Италија После 19 години Венеција се врати во Серија А

После 19 години Венеција се врати во Серија А

Oд вчера тимот на Венеција е новиот калчолигаш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот од од северот на Италија се избори за место во италијанската елита откако ја победи Цитадела во финалето на плеј-офот. Во првиот меч на гости Венеција славеше со 1:0, а во реваншот Цитадела водеше со 1:0 се до 93. минута. Тогаш Бокалон погоди за 1:1 и пласман на Венеција во Серија А.

Венеција е тим кој во 1941 година бил шампион на Италија, а во 2002 година кога последен пат испаднаа од Серија А клубот доживеа банкрот, си заминаа голем број играчи па почнаа практично од „нула“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од болнички кревет до херој на нацијата: Ова е Србинот кој го слави цела Австрија

Фудбалерите на Австрија, по голема драма и нерешениот резултат против Алжир (3:3), успеаја…