Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Португалците бараат Роналдо да биде резерва против Швајцарија

Португалците бараат Роналдо да биде резерва против Швајцарија

Кристијано Роналдо помина низ тежок период во Манчестер Јунајтед, но за Португалија повторно игра во стартниот состав и беше стартер на првите три натпревари на Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо беше стрелец само против Гана и тоа од пенал, на останатите натпревари баш и не се прослави многу. Португалците се разочарани од неговата игра и тие сметаат дека селекторот Сантош треба да го седне на клупата.

Еден од најпонзатите протугалски весници „А Бола“ направи анкета дали Роналдо треба да игра во стартниот состав. Во анкетата дури 70% од Португалците гласале Роналдо да биде резерва против Швајцарија во вторник.

Во нападот Португалија има квалитетни опции како Рафаел Леао, Андре Силва и Гонсало Рамос. Сепак тешко е да се верува дека Сантош ќе го остави Роналдо на клупата, без разлика што статисатиката е против него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

ПСЖ и Барса ја завршија работата: Феран Торес е на „Паркот на принцовите“

Изгледа дека завршивме уште една трансфер сага, побрзо и побезболно од очекуваното. Како П…