Дома Фудбал Останато Португалија многу повеќе зависи од Роналдо, отколку Аргентина од Меси (ФОТО)

Португалија многу повеќе зависи од Роналдо, отколку Аргентина од Меси (ФОТО)

Лионел Меси со репрезентацијата на Аргентина беше поразен во првиот натпревар на Копа Америка од Колумбија со резултат 2:0.

Аргентинците прикажаа бледа игра и дури во второто полувреме имаа изгледни шанси за гол, но не успеаа да постигнат и затоа претрпеа пораз.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како и во поголемиот број натпревари, играта на Аргентина се вртеше Меси кој во одредени ситуации беше чуван и од по тројца играчи на Колумбија.

Познато е дека многумина сметаат дека Аргентина многу зависи од Меси, но според една статистика Португалија многу повеќе зависи од Роналдо, отколку Аргентина од Меси.

Ѕвездата на Барселона освои се на клупско ниво, но никогаш не освои трофеј со репрезентацијата додека Роналдо освои два.

На Светското првенство во 2014 година Аргентинците изгубија после продолженија од Германија во финалето, потоа изгубија на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка во 2015 и 2016 година.

Статистиката покажува дека Кристиано Роналдо постигнал 88 голови за Португалија, додека останатите 22 играчи постигнаа вкупно 33 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…