Дома Македонски спорт Мак ракомет Порто и официјално го претстави Никола Митревски (фото)

Порто и официјално го претстави Никола Митревски (фото)

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и официјално е нов член на Порто. 

За голманот заинтересиран беше и Вардар, но Митревски реши да го одбие македонскиот шампион откако пристигна понуда од Порто.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Митревски помина една година во Битола во екипата на Еурофарм Работник, а сега потпиша 2-годишен договор со португалскиот гигант.

„Многу сум среќен со овој трансфер затоа што знам како се работи во Порто и кога понудата пристигна не размислував многу пред да ја прифатам. Верувам дека ќе се адаптирам добро и заедно со Кинтана ќе имаме добра сезона во која ќе собереме многу победи и многу трофеи. Наша цел е да продолжиме да освојуваме трофеи во Португалија и да стигнеме до Ф4 во Лигата на шампионите“, изјави Митревски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …