Дома Фудбал Порано или подоцна Чави ќе биде тренер на Барселона

Порано или подоцна Чави ќе биде тренер на Барселона

Чави Ернандез ќе биде тренер на Барселона, само прашање е кога.

Во овој момент Роналд Куман има огромна доверба од управата на чело со Жоан Лапорта, но резултатите во вечерашното „Ел Класико“ и наредната сабота во финалето на кралскиот куп би можеле да ја одредат неговата судбина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога и Куман да замине нема дилеми дека Чави ќе биде број еден фаворит да го замени.

Легендарниот капитен на Барселона блеска во Катар, а вчера ја заврши сезоната со Ал-Сад со импресивни бројки.

Тимот на Чави убедливо ја освои титулата со скор 19-3-0 и со уште поимпресивна гол-разлика од 77:14.

За Чави ова е веќе шести трофеј со Ал-Сад за две години. Навивачите на Барселона од вчера пишуваат за овој успех на Чави, а на друштвените мрежи можат да се видат клипови од играта на Ал-Сад кој игра како некогаш Барселона во времето на Гвардиола.

Порано или подоцна Чави ќе биде тренер на Барселона…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …