Дома Фудбал Поранешниот директор открива: Барса ги имала во рака Мбапе и Халанд

Поранешниот директор открива: Барса ги имала во рака Мбапе и Халанд

Поранешниот директор на Барселона, Хавиер Бордас, тврди дека во минатото, Барселона имала можност да ги ангажира Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Имено, летото во 2017 година Барселона инкасира рекордни 222 милиони евра од трансферот на Нејмар во ПСЖ, а Бордас сакал да ги ангажира Мбапе и Халанд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, клубот имал поинакви планови, а останатото е историја.

„Да бев јас главен во тој период, Мбапе ќе играше за Барса. Кога ПСЖ плати 222 милиони за Нејмар, имавме пари да го ангажираме. Но управата повеќе го сакаше Дембеле. Се одлучив за Мбапе, разговарав со неговиот татко, тој ќе дојдеше во Барса. За момент помислив дека го имаме“, откри Бордас.

„Халанд сакаше да дојде во Шпанија. раководството одлучи да не го потпише. Ќе не чинеше милиони за Салцбург и уште 20 милиони за Раиола. Имаше разговори, но Суарез беше тука и беше прв напаѓач, па управата реши да не го ангажира“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…