Поранешната репрезентативка на Македонија, Афродита Салихи на 35 години одигра фантастичен натпревар во дресот на ЖФК Кочани.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејзиниот тим викендов славеше победа од 16:1 против Борец, а Салихи на овој натпревар постигна неверојатни 11 погодоци.
Екс-репрезентативката постигна седум гола уште во првото полувреме, па додаде нови четири во вториот дел. Овие нејзини 11 голови се веројатно рекорд за официјален натпревар во женскиот фудбал во Македонија.
Пред да се повлече од националниот тим таа беше стандардна репрезентативка и собра јубилејни 100 настапи.