Бергамо е еден од најпогодените градови во светот со пандемијата од коронавирусот секојдневно има вести за голем број починати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера вечерта беше објавено дека осум вработени во Аталанта починале од коронавирусот, а денес „Тутоспорт“ објави дека поранешниот европски шампион во бокс Анџело Ротоли ја загубил битката со коронавирусот на 61 годишна возраст.
За трагедијата да биде уште поголема две недели претходно исто така од коронавирусот починале неговиот брат и неговата мајка.
Ротоли беше шампион на Италија и Европа во крузер категорија, а во 1987 година го освои ВБЦ појасот.
Во неговата кариера од 35 професионални борби имаше три порази и два нерешени меча.
#Coronavirus, il pugile Angelo #Rottoli è morto a 61 anni ? https://t.co/NFUVxBIRRX
— Tuttosport (@tuttosport) March 29, 2020