Дома Фудбал Останато Поранешен англиски судија: Мурињо треба да добие десет натпревари суспензија

Поранешен англиски судија: Мурињо треба да добие десет натпревари суспензија

Во Рома се убедени дека судијата Ентони Тејлор ги оштети во финалето од Лигата на Европа, а Жозе Мурињо не успеа да се воздржи па испрати навреди кон англискиот судија.

Од УЕФА потврдија дека отворена е дисциплинска постапка за португалскиот стратег за неговото непримерно однесување и наскоро ќе биде објавено со каква ќе се соочи Жозе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На оваа тема се огласи и поранешниот англиски судија Кејт Хакет кој побара УЕФА да биде жестока кон Португалецот.

„Тејлор помина долги години за да дојде до ова елитно ниво и да суди натпревар во кој немаше поголеми инциденти, а потоа се соочи со ваков однос. Мурињо треба да добие десет натпревари суспензија, а УЕФА треба да исфрлува екипи за да спречи да се случуваат вакви работи“, изјави Хакет.

Судијата Тејлор можеше да биде и физички нападнат кога на аеродромот беше пресрнат од бесни навивачи на римскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заедно со Клоп, Ливерпул го напуштаат уште осум играчи?

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој…