Дома Останати Кошарка Полицијата овој пат претера: Малтретираше НБА ѕвезда поради – погрешно паркирање! (Видео)

Полицијата овој пат претера: Малтретираше НБА ѕвезда поради – погрешно паркирање! (Видео)

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Стерлинг Броун на своја кожа почуствува дека некогаш не е од голема помош тоа што си кошаркар во најсилната кошаркарска лига во светот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, Броун во вечерените часови одлучил да оди до еден маркет, но по пристигнувањето на местото се паркирал на место предвидено за лица со инвалидитет. Бидејќи се работеше за вечерни часови, кошаркарот заклучил дека нема на никого да пречи.

Но, не беше во право. Подоцна се соочи со дежурниот полициски службеник кој веднаш повикал засилување. Неколку патроли пристигнаа на местото, а Броун се обидуваше да им објасни за што се работи. Набрзо заврши на подот бидејќи на него беше употребен електрошок.

Иако на снимката може да се види дека Броун не се противеше, полицијата изгледа реагираше малку претерано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Земјотрес во НБА: Најавена „чистка“ во Денвер – ќе остане само Јокиќ?!

Раната елиминација на Денвер Нагетс од плејофот на НБА лигата, и тоа од десеткуваната Мине…