Дома Фудбал Покрената постапка против тренерот на Арсенал

Покрената постапка против тренерот на Арсенал

Англиската фудбалска асоцијација покрена постапка против тренерот на Арсенал, Унаи Емери поради недолично однесување на натпреварот со Брајтон.

Арсенал во тој натпревар стигна само до еден бод (1:1), а Емери во еден момент незадоволен од лошиот напад на неговиот тим шутна шише со вода од теренот кон навивачите на домашниот клуб.

Свесен за тоа што направи Емери веднаш се извини.

„Шутнав шише од нервоза, не со намера кон навивачите. Денеска повторно се извинувам, но ќе ја почитувам секоја одлука на ФА. Мислам дека на овој случај е ставено точка.“ – истакна Емери.

Емери право на жалба има до 2 јануари, а тогаш ќе следува конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…