Дома Фудбал Останато Покетино: Ќе биде фантастично да го тренирам Меси

Покетино: Ќе биде фантастично да го тренирам Меси

Тренерот на Пари Сент Жермен повторно ја коментираше темата за Лионел Меси.

Меси најверојатно ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната како слободен агент, а се погласни се шпекулациите дека ќе се пресели во ПСЖ.

„Клубот има стратегија да расте и да станува се подобар. Ако се појави можност да го тренирам Меси ќе биде фантастично, ако не – нема проблем. Лео и јас ја далиме љубовта кон Њуелс, бидејќи и двајцата го носевме тој дрес. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, истакна Покетино, кој тврди дека Нејмар и Мбапе уште долго ќе останат во ПСЖ.

„Мислам дека и двајцата ќе останат уште долго во ПСЖ. Не се сомневам во тоа. Оптимист сум околу преговорите за продолжување на нивните договори“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем не го продава Мики ван де Вен и покрај интересот на Ливерпул

Тотенхем нема намера да го продаде Мики ван де Вен, и покрај шпекулациите дека Ливерпул го…