Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино разочаран: Бевме подобри во двата натпревари

Покетино разочаран: Бевме подобри во двата натпревари

pocetino

Фудбалерите на Тотенхем вчера на „Вембли“ во рамките од 1/8 финалето во Лигата на шампионите беа поразени од Јувентус со резултат 2:1.

Бидејќи во првиот натпревар резултатот гласеше 2:2, вчерашниот пораз значеше елиминација, поради тоа разочаран беше тренерот на Спарсите, Маурисио Покетино.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Заслуживме повеќе, бевме подобар тим. Покажавме повеќе во двата натпревари, меѓутоа примивме два погодоци за помалку од три минути и испаднавме поради две големи грешки. Таков е фудбалот. Победите и поразите се нормална работа, посебно во Лигата на шампионите, јас сум горд на фудбалерите и играчите“, додаде Покетино.

Аргентинецот на крајот порача дека играњето во Лигата на шампионите било убаво искуство за него и неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…