Дома Фудбал Англија Покетино пред отказ во Челзи: Боели има две желби за негов наследник

Покетино пред отказ во Челзи: Боели има две желби за негов наследник

Ниту Маурисио Покетино не успеа да го врати Челзи на победничките патеки и поради тоа во јавноста се шпекулира со имињата за негов наследник.

Тод Боели според информациите на островските медиуми сериозно размислува за смена на клупата. Навивачите гласно го критикуваат и бараат од Боели да биде вратен Мурињо кој во овој момент е без ангажман по отказот во Рома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во своето денешно издание „Дејли Мејл“ пренесува дека тренерска смена во Челзи најверојатно ќе се случи до крјаот на сезоната. Сепак, Мурињо не е во плановите на Боели и наскоро би можел да започне преговори со Де Зерби од Брајтон и Рубен Аморим од Спортинг Лисабон.

Италијанецот Де Зерби ги собра симпатиите со офанзивниот стил на игра кој го практивнува со Брајтон, меѓутоа за него се интересираат и други клубови, па за Челзи нема да биде лесно. Аморим можеби е полесна мета, самиот не крие дека Премиер лигата за него би бил голем предизвик.

Останува да видиме во наредниот период што ќе се случува, засега е извесно дека до смена ќе дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…