Килијан Мбапе синоќа со хет-трик го предводеше Пари Сент Жермен до голема победа над Барселона на „Камп Ноу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на „светците“ Маурисио Покетино обелодени дека Мбапе пред натпреварот ја предвидел победата.
„Ме праша колку пати сум победил на Камп Ноу, а јас му кажав дека тоа беше само еднаш. Тој ми одговори дека утре ќе ја добијам втората победа“, открива Покетино.
„Тој е врвен фудбалер, светска класа. Големите фудбалери испишуваат историја. Се развиваат од натпревар во натпревар. Со овој хет-трик најверојатно ќе биде во центар на внимание, но ние и претходно знаевме колку е добар“, додаде аргентинскиот стратег.