Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Одиме на Камп Ноу по победа

Покетино: Одиме на Камп Ноу по победа

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино ги откри очекувањата од првиот меч со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Светците“ на 16-ти февруари и гостуваат на Барселона на Камп Ноу, а Покетино се надева на победа.

„Ни претстои дуел против многу силен тим како што е Барселона. Нашиот менталитет е да бараме победа во секој меч, па на Камп Ноу ќе одиме по победа. Ќе ни недостасуваат важни фудбалери, но не бараме оправдувања. Ние сме силен тим и ќе се справиме без Нејмар“, истакна Покетино.

Нејмар се повреди и сигурно ќе го пропушти дуелот со Барселона, но има шанси да игра во реваншот кој на програмата е на 10 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Летово ќе видиме преседан: Вакво нешто никогаш не се случило на Светско првенство!

За првпат во својата историја, Канада се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство…