Се почесто во медиумите се пишува за можноста Лионел Меси да се пресели во ПСЖ, а не се реткост и изјавите од таборот на ПСЖ за Аргентинецот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Последната изјава на Анхел Ди Марија предизвика бура реакции, најмногу затоа што Роналд Куман по таа изјава порача дека не е во ред што во ПСЖ толку многу се зборува за Меси.
Сега тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино застана во одбрана на својот фудбалер.
„Новинарите го прашаа дали сака да игра со Меси и што сакате да одговори!? Не станува збор за никакво непочитување, навистина не треба да се вадат работите од контекст“, изјави Покетино.
Ќе потсетиме, Барселона и ПСЖ во вторник ќе се сретнат во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.