Маурисио Покетино во саботата беше именуван за нов тренер на ПСЖ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Аргентинскиот тренер со шампионот на Франција се договори за соработка на една година со опција таа соработка да се продолжи за уште една сезона.
Иако, ПСЖ е еден од најбогатите клубови во светот Покетино не доби огромна плата и не е ниту во топ 10 најплатени тренери во светот.
„Беин Спортс“ тврди дека платата на Покетино на годишно ниво е седум милиони евра и тој е надвор од листата 10 најплатени тренери.
ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ТРЕНЕРИ:
Ханс Флика (Баерн) – 8 милиони евра
Карло Анчелоти (Евертон) – 8 милиони евра
Јирген Клоп (Ливерпул) – 10 милиони евра
Антонио Конте (Интер) – 11 милиони евра
Зинедин Зидан (Реал Мадрид) – 12 милиони евра
Фабио Канаваро (Гвангжу Евергранде) – 12 милиони евра
Рафаел Бенитез (Далијан Професионал) – 13.5 милиони евра
Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) – 15 милиони евра
Жозе Мурињо (Тотенхем) – 17.5 милиони евра
Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) – 23 милиони евра