Пари Сент Жермен ги договорил сите детали од договорот со аргентинскиот тренер Маурисио Покетино, пренесува „Скај Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покетино веќе ставил потпис на договорот, откако се отстрани последната пречка, а тоа е раскинување на договорот со Томас Тухел.
Германскиот стратег доби отказ и двете страни се договорија за предвремено раскинување на договорот за 6 милиони евра.
Се очекува во наредните денови Покетино и официјално да биде промовиран во нов тренер и да дебитира на клупата на ПСЖ на 6-ти јануари.
48-годишниот стратег е слободен откако минатата сезона го напушти кормилото на Тотенхем.