Дома Фудбал Познато колку Манчестер Јунајтед ќе треба да плати за Тен Хаг

Познато колку Манчестер Јунајтед ќе треба да плати за Тен Хаг

Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг важи за главен фаворит за кормилото на Манчестер Јунајтед.

Според информациите 51-годишниот холандски тренер започнал преговори со раководството на клубот и ги запознал „црвените ѓаволи“ со своите методи на работа.

Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе ја испитува ситуацијата со неговиот договор со Ајакс и сака да дознае колкава сума ќе треба да плати за да го донесе на „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми денес открија дека Манчестер Јунајтед ќе треба да плати точно 4 милиони евра за Ајакс да може да го ослободи Холанѓанецот.

Од раководството на Ајакс јасно ставија до знаење дека нема да му стојат на патот на Тен Хаг и дека ќе му дозволат да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…