Веќе неколку недели англиските медиуми шпекулираат дека Мурињо може да биде назначен за нов тренер на Арсенал, но најверојатно од тоа нема ништо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Португалецот имал разговор со раководството на „топџиите“, но три причини пресудиле за клубот да донесе таква одлука.
Првата е фактот што Мурињо важи за дефанзивен тренер, а Арсенал сака да продолжи офанзивно, па Португалецот не би бил добар избор за таква тактичка поставеност на екипата.
Втора причина е проблемот кој Мурињо го има со медиумите, односно се плашат дека би можела јавноста да се сврти против Арсенал и да направи дополнителен притисок.
И трета причина е структурата на клубот. Во Арсенал улогите се поделени и Мурињо нема да може да има директно влијание на ангажирање на фудбалери, а тоа сигурно ќе создаде проблеми.