Дома Останати Познатиот УФЦ коментатор знае што би било најголем предизвик за Кабиб – тоа не е реванш со Конор!

Познатиот УФЦ коментатор знае што би било најголем предизвик за Кабиб – тоа не е реванш со Конор!

Според познатиот УФЦ коментатор Мекгрегор нема да добие реванш против Кабиб Нурмагомедов.

Џо Роган за медиумите зборуваше за евентуална нова борба помеѓу Нурмагомедов и Мекгрегор, но тој е убеден дека до такво нешто нема да дојде.
Роган тврди дека нареден кој ќе се бори со Кабиб е фантастичниот Тони Фергусон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не верувам дека Конор ќе добие реванш. Паметен облог би бил Тони Фергусон.Верувам дека тој ќе се бори со Кабиб“, изјави Роган и додаде.

„На Тони не требаше да му биде одземена титулата. Човекот се повреди во текот на прес-конференцијата, ги скина лигаментите на коленото, а шест месеци подоцна се врати и во спектакуларна борба го уништи Ентони Петис. Би се обложил дека тој е наредниот противник на Кабиб“.

„Фергусон воедно би бил и најтешкиот предизвик за Кабиб. Има страшно кардио и разновидност во борбата. Може добро да се бори и кога има човек на грб, така го натера Кевин Ли да се предаде и дојде до титулата“, изјави Роган.

Фергусон е еден од најспектакуларниот борци во УФЦ и во кариерата има скор од 24 победи и три порази.

https://youtu.be/-h3jHiO5pgw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…