Дома Фудбал Познати судиите за четвртфиналните натпревари на СП

Познати судиите за четвртфиналните натпревари на СП

ФИФА денес ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на четвртфиналните натпревари на Мундијалот.

Натпреварот кој е означен како најголемо дерби во оваа фаза, Барзил – Белгија му е доделен на српскиот судија Милорад Мажиќ, а негови помошници ќе бидат Далибор Џурџевиќ и Милован Ристиќ.

Другиорт натпревар кој на програмата е утре помеѓу Уругвај и Франција ќе го суди Аргентинецот Нестор Патина на кого ќе му помагаат Хуан Пабло Белати и Ернан Мајдана.

Бразилецот Сандро Ричи ќе ја дели правдата на мечот помеѓу домаќинот Русија и Хрватска, а ќе му помагаат Емерсн де Карваљо и Марсело ван Гасе.

Натпреварот помеѓу Шведска и Англија ќе го суди Холанѓанецот Бјорн Кјуперс, а негови помошници ќе бидат Сандер ван Рукел и Ервин Зејнстар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Сити го следат Ливраменто: Договорот е клучот за можен трансфер

Њукасл сака да го задржи Тино Ливраменто, но застој во преговорите за продолжување на дого…