Дома Кошарка Познати седум од осум парови во НБА плеј-офот

Познати седум од осум парови во НБА плеј-офот

После натпреварите изминатата ноќ во НБА лигата познати се седум од осум парови во плеј-офот.

Во источната конференција се знаат сите парови додека на Западот се уште голема борба се води за осмата позиција и се чека противникот на Лејкерси во првиот круг.

Паровите на истокот се следните: Милвоки – Орландо, Торонто – Бруклин, Бостон – Филаделфија и Мајами – Индијана.

Од друга страна на Западот се познати три од четири пара: Ла Клиперси – Далас, Деневер – Јута и Оклахома – Хјустон.

Не е познато само уште кој ќе игра со Лејкерси. Во овој момент на осмата позиција е Портланд, меѓутоа до крајот тука ќе се води голема борба помеѓу нив, Феникс, Мемфис и Сан Антонио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…